Испорака!

Сакајќи да ви го олесниме начинот на доаѓање до нашите производи Лининг Електроникс склучи договор со две реномирани компании за експресна испорака на пратки Курир и ГЛС Глобко Логистик, кои се 24h активни од врата до врата ширум нашата земја.

Испорака на пратките ќе биде извршена на адреса која Вие ја имате наведено како адреса на испорака на нашиот меил contact@lining.com  или преку нашите телефони 02/2435-441 и 075/430 963.

Затоа, наведете точна и потполна адреса вклучително и поштенскиот код на Вашата адреса, бидејќи Лининг Електроникс не одговара за грешките кои би настанале заради непотполна адреса внесена од Ваша страна, трошоците направени по овој основ се на Ваша сметка.

 

 

Испорака на праткатавообичаено е во наредните 24h од превземањето на пратката од страна на добавувачот. Откако ќе Ви биде доставена Ваша должност е да ги потпишете потребните документи кои ќе Ви ги достави добавувачот. Со тоа потврдувате дека пратката е примена од Ваша страна.

Во случај, кога купувачот не е дома и не е достапен за исполнување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, службата ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.

Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери истиот за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

Лининг Електроникс превзема обврска навремено да Ве извести доколку не е во можност да се реализира испораката на Вашата нарачка на телефонскиот број кој е оставен како телефон за контакт.

Со почит
Тимот на Лининг Електроникс!