Често поставувани прашања

Каде се наоѓате?

Скопје, Кисела Вода, ул. Тодор Паница 5/7, во внатрешноста на зелената зграда спроти општината

Што сервисирате?

Компјутери (лаптопи и персонални), таблети, монитори, телевизори, мали апарати за домакинство…

Дали може да се нарача производ?

Да. За да нарачате производ треба на email:contact@lining.com.mk да ни пратите што би сакале да порачате и вашите податоци за испорака. Нарачките се примаат 24 часа секој ден согласно со условите во Лининг Електроникс. Плаќањето на робата се врши при самата испорака. Испораките се вршат преку компании Курир, Карго или Македонски пошти и сите испораки се вршат само во градови и населени места во Р.Македонија.

* Информации за испорака:Име* Презиме*е-mail*Улица Број*  Град*  Поштенски број* телефон за контакт*

Колку чини испораката на производ?

Испораката на производ за сума над 3000ден. е бесплатна, додека испораката на производи за сума под 3000ден. се наплаќа 150ден за испорака низ целата држава.

Колку време е потребно за испорака?

Испораката на порачаните производи е за 24часа од нарачката. За време на празници и неработни денови не се врши испорака.

Каде можам да оставам предлог, забелешка или критика?

Лининг Електроникс е секогаш расположен за предлози или забелешки од Ваша страна со цел да се зголеми задоволството кај нашите клиенти  па затоа формиравме оддел грижа за корисници на нашата меил адреса info@lining.com.mkво секое време можете да оставите предлог, забелешка или критика и истата би била разгледана во најкраток можен рок.

Каде би можело да се пријави рекламација на производ?

Било каква рекламација на производ или сервисна услуга можете да пријавите на телефон 02/2435-441, моб 075 430 973 во период согласно работното време или service@lining.com.mk.Враќањето на производите или средствата се врши според веќе утврдената политика на испорака и условите/правилата на користење.

Колку време е потребно за сервисирање на уред?

Потребно време за сервисирање на уред во нашиот сервис зависно од тежината на проблемот е од 24h-48h од оставањето. Доколку има потреба од испорака на дел кој треба да се вгради времето на подигнување се пролонгира и Вие би биле благовремено известени.