0 производи0.00 ден

Нема производи во кошничката.

ЧПП

Скопје, Кисела Вода, ул.Тодор Паница 5/7, во внатрешноста на зелената зграда наспроти економското Борис Кидрич.

Лаптопи, персонални компјутери, таблети, монитори, телевизори, аудио-видео опрема, инвертери, УПС уреди, мали апарати за домакинство и сл…

Да. За да нарачате производ треба да се регистрирате и да направите нарачка преку нашата веб страна. Нарачките се примаат 24 часа секој ден согласно со условите во Лининг Електроникс. Откако ќе биде примена нарачката, истата се процесира и се проверува лагерот на производите. Доколку некој производ го нема на лагер во моментот, ќе бидете контактирани за да ви се понуди замена за истиот. Плаќањето на робата се врши при самата испорака. Испораките се вршат преку компании ЕЛС (Еко Логистик), Курир или Карго, сите испораки се вршат само во градови и населени места во Р.Македонија.

Испораката на производ за сума над 3000ден. е бесплатна, додека испораката на производи за сума под 3000ден. се наплаќа 150ден за испорака низ целата држава.

Испораката на порачаните производи е  24-48 часа од нарачката. За време на празници и неработни денови не се врши испорака. 

Лининг Електроникс е секогаш расположен за предлози или забелешки од Ваша страна со цел да се зголеми задоволството кај нашите клиенти  па затоа формиравме оддел грижа за корисници на нашата меил адреса info@lining.com.mkво секое време можете да оставите предлог, забелешка или критика и истата би била разгледана во најкраток можен рок.

Било каква рекламација на производ или сервисна услуга можете да пријавите на моб 075 430 973 во период согласно работното време или service@lining.com.mkВраќањето на производите или средствата се врши според веќе утврдената политика на испорака и условите/правилата на користење.

Потребно време за сервисирање на уред во нашиот сервис зависно од тежината на проблемот за компјутери е од 2-4 работни дена од оставањето, додека за телевизори аудио-видео опрема и останати апарати 5-7 работни дена. Доколку има потреба од испорака на дел кој треба да се вгради времето на подигнување се пролонгира и Вие би биле благовремено известени.